Жртвата истакна дека малтретирањето на работното место трае една и пол година, во кој период таа е професионално деградирана и добива работни задачи несоодветни за нејзиното образование. Иако, како што вели, е класичен пример за мобинг, истото тешко може да го докаже пред судот.
Експертите укажуваат дека мобингот тешко се докажува, но и дека постојните закони во Република Македонија не им пружаат доволна заштита на работниците. Поради тоа, смета експертстака јавност, потребно e да биде донесен нов закон за заштита од психичко малтретирање на работното место, кој според најавите на ССМ ќе биде готов во предлог верзија идниот месец.
Според истражувањата на ССМ, 40 отсто од работниците во Македонија се жртви на мобинг, што е два пати повеќе од европскиот просек, а дури 30 отсто од работниците навеле дека се жртва на политички мобинг и тоа најчесто во државните институции.