Алфредо Санчез ја лажирал сопствената смрт за да добие околу два милиони долари од осигурителната компанија. Полицијата ја открила измамата откако на посмртницата откриле негови отисоци од прстите. Во измамата му погнала и сопругата Софи, а со парите од осигурувањето сакале да ги платат своите долгови. Во средата судот ја осудил Софи на две години затвор, а Алфредо сеуште е во бегство. Тој пред неколку години отворил неколку сметки во различни кредитни организации, за кои неговата сопруга не знаела.


Тие живееле во Велика Британија, но одлучиле да се преселат откако ги потрошиле сите пари и немале како да ги вратат. Отишле во Костарика. После некое време повторно се вратил во Британија, каде повторно подигнал неколку кредити пред да се пресели во Еквадор. Неговата сопруга пријавила дека починал и дека го кремирале. Бидејќи била без пари, дури и добила заем за да оди на неговиот погреб во Јужна Америка. Освен што пронашле негови отисоци од прстите, дознале и дека го активирал пасошот додека бил „мртов“.