Еден Американец кој бил уапсен од полицијата бидејќи се шетал гол во паркот во Линколн, тврдел дека го соблекле под закана со пиштоли. Полицијата верува дека приказната за крадците со пиштоли ја измислил. Го нашле како лута гол по паркот. Им објаснил дека му пришол некој маж со пиштол и го натерал да се соблече.


Бидејќи со себе не носел пари го соблекол. Меѓутоа портпаролот на полицијата изјавил дека тие мислат оти правата причина за голотијата била високата температура. По половина час шетање се вратил по облеката, но заборавил каде ја оставил. Полицијата го уапсила со обвинение за разголување на јавно место и давање лажна изјава.