Британката Сузан Даниел(24) прв пат купувала нешто преку интернет. Ја нашла венчаницата од соништата и за неа понудила едно евро на интернетската аукција. Кога видела дека победила се воодушевила. Се венчала во неа за Стјуарт Вокер во Лејк Дистрикт. На свадбата имало 70 гости.


Не сакала на свадбата да потроши многу пари, бидејќи поважен и бил самиот брак. Сакале да има само основни работи кои им се важни. Многу од гостите коментирале за венчаницата мислејќи дека чини илјадници фунти. Заедно со осигурувањето и поштарината за фустанот платила десет евра.