Американската полиција уапсила едно момче кое како заложник ја држело сопствената мајка, бидејќи таа не сакала да му ги испегла алиштата. Бил обвинет за напад и лажно претставување. Го задржале во притвор без кауција.


Полицаецот Марк Грифит изјавил дека момчето, кое живеело со родителите, барало од мајката да му ги испегла алиштата. Откако таа одбила, извадил пиштол и и се заканил. И ги одзел клучевите и мобилниот телефон. Не ја оставал да мрдне цели шест часа. На крајот успеала да побегне и отишла во полициската станица. Момчето не се противело кога го апселе.