Неименован 43 годишен италијанец со скршено срце од Џенова е осомничен дека ја киднапирал поранешната девојка. Додека таа била во паб, ја натерал да влезе во автомобилот и ја однел дома. И се заканувал и ја присилил да му ги испегла алиштата и измие садовите.


Сведоците кои биле во пабот виделе дека тој ја одвел девојката против нејзина воља, повикале полиција која набрзо го уапсила.

Полицијата изјавила дека бил бесен на поранешната девојка бидејќи го напуштила. Го уапсиле и поднеле тужба за киднапирање.