Првата придружничка на мис САД мисли дека не победила бидејќи отворено зборувала против хомосексуалните бракови. Вели дека нималку не и е жал бидејќи го кажала она што го мисли. Преубавата Кери Преџин рекла дека верува во брак помеѓу машко и женско. Рекла дека не сака никого да невреди и дека така е воспитана. Еден од судиите, познатиот блогер Перез Хилтон ја запрашал што мисли за хомосексуалните бракови, а таа одговорила дека живеат во земја во која можат да бираат дали ќе влезат во брак со исти или спротивен пол, но и дека за неа постои само еден вид на брак.


Одговорот предизвикал мешавина од аплузи и свиркања кај публиката. Подоцна Перез изјавил дека можела да победи но дека ја изгубила титулата поради одговорот. Сепак таа вели дека воопшто не жали и дека тоа навистина го мисли.