Русинката Ирина Савина(18) вели дека ја обожава Бритни и дека со нејзините песни ги поминала најубавите моменти во животот. Одлучила да ја истетовира на своите гради. Вели дека најмногу од се на светот сака да се запознае со Бритни во живо.
Кога родителите дознале дека Бритни ќе одржи концерт во Москва без размислување и дале пари за карта. Но за нејзината следна желба морале добро да размислат. Кога дознале дека сака да ја истетовира на градите биле апсолутно против таа идеја. Но по неколкудневно убедување, таткото сепак и дал пари за тетоважата.