Полицијата во Салем во неделата запрела воз како би уапсиле жена која неверојатни 16 часа гласно разговарала на својот мобилен телефон. Лакејша Беард резервирала место во делот на возот кој барал апсолутна тишина. Другите патници повеќе не можеле да издржат па и приговориле, по што настанала кавга. Жената не престанала да зборува па повикале полиција. Возот бил сопрен во Салем каде полицијата го презела проблемот.
Беард признала дека разговарала на мобилниот и додала дека не и е јасно зошто морала да излезе од возот. Од железничката компанија изјавиле дека за време на патувањето примиле поплаки од повеќе патници. Железничката компанија во „тивките вагони“, во каков патувала Беард, има ставено забрана за користење мобилни телефони.