Авион на комапнијата Американ Ерлајнс принудно слетал поради една патничка која не престанувала да пее. Инцидентот се случил минатата седмица во авион кој летал на релација Лос Анџелес – Њујорк. Веднаш по полетувањето, една од патничките ја запеала на цел глас песната “I Will Always Love You” на починатата пејачка Витни Хјустон. Меѓутоа, нејзината интерпретација не наишла на одобрување од околината.
Иако во повеќе наврати била повикана да престане, таа продолжила со пеењето, не обрнувајќи внимание на молбите на другите патници и на екипажот на авионот. После извесно време пилотот донел одлука да го прекине летот и принудно да слета на аеродромот во Канзас Сити, каде полицијата на дочекала „пејачката“ која и по исфрлањето од авионот и со лисици на рацете продолжила да ја пее на цел глас својата верзија од пенсата од филмот „Телохранител“.