Парк (32), хипнотизер од Јужна Кореја, завршил во притвор бидејќи со хипноза се обидел да украде бакнеж од една жена. Се нашол на состанок на слепо со оваа 27-годишна жена. Таа се согласила на хипнозата.


Жената седела со затворени очи подолго време, а Парк тргнал кон неа да ја бакне, мислејќи дека хипнозата успеала. Меѓутоа таа била свесна цело време, го оттурнала од себе, повикала полиција и го обвинила за сексуално злоупотребување.