Алчниот Томас Прусик-Паркин од Њу Јорк 6 години носел перики, се шминкал облекувал сукњи. Ја глумел својата мртва мајка. Сето тоа го правел за да добие дури околу 100 илјади евра. Тој на управникот на погребното претпријатие му дал лажен број на социјалното осигурување и датум на раѓање на својата мајка за да не можат да ја регистрираат.
Тој така секој месец од осигурувањето добивал пари. Полицијата ја открила измамата и го привела Томас. Мајката на измамникот починала во 2003 година на 73-годишна возраст.