Австралијанката Џени сакала со фотографијата на нејзината ќерка Лили да го изненади својот татко Џон Баран. Веќе подолго време ја молел Џени да направи фотографија од внуката за да ја има како спомен. Набрзо добил фотографија на мобилниот која му ја испратила Џени.
Сфатил дека на фотографијата е неговата внука, но не му било јасно на што таа лежи, и што е намотано околу неа. Ја покажал на еден пријател кој шокирано запрашал од каде му е фотографијата на змија и бебе. Дедото фотографијата веднаш ја префрлил на компјутер и се уверил дека околу четиримесечната Лили има питон. По првичниот шок, фотографијата ја ставил како позадина на компјутерот и рекол дека многу му се допаѓа.