Ханс Бломберг (31), германска ТВ ѕвезда од телевизијата Про Зибен, ја фатил својата колешка Сусанка Берсин за градите за време на преносот на натпревар во стил на Евросонг. Налутената Сусанка (28) рефлексно му удрила шлаканица. Ханс се одлучил на тој потег најавувајќи го гласањето за најдобра песна.


-Но, двата најдобри бода ми остануваат мене, се пошегувал пред да ја пушти раката кон својата убава колешка.
Ханс ни малку не се кае и не разбира дека направил нешто лошо.


-Вистински скандал е тоа што брутално ме удри, а не тоа што јас неа ја фатив за градите-додава Упорниот Ханс.

Неговата шефица Карстен Крогер рекла дека навистина претерал, но телевизијата сеуште не изјавила дали ќе добие отказ.