Британката Пола Саншајн користи човечка коса за да ја надогради својата куќа во Лоушал. Материјалот го набавила од локалната фризерка, а исто така ќе употреби и влакна од некои куќни љубимци. Таа ги проучува старите куќи и традиционалните техники за нивна изградба. Но кога се одлучила за доградба на оваа куќа од 16-от век се одлучила влакната од стока да ги замени со човечки.
Вели дека куќата е многу поразлична од првобитниот изглед, но бидејќи немале стока морала да употреби човечка коса. Таа се изненадила колку од Британците имаат црвена коса, но и ја бојадисувале во смеѓа или “плава“. Некои луѓе и рекле дека човечката коса ќе има непријатен мирис, но таа се сомнева во тоа бидејќи поголемиот дел од косата е женска, а жените се чисти.