Една градежна фирма им рекла на семејството Симон дека ако ја сакаат куќата можат да ја добијат, но мора да си ја земат сами. Американскиот пар поминал десет месеци на проектот за преселба на куќата тешка 480 тони. Викторијанската куќа долга 22 метри ја кренале од темели и ја преселиле 300 метри надолу низ улицата. Сега се надеваат дека конечно ќе се вселат.


Фирмата која го купила земјиштето планирала да ја сруши куќата  и да направи паркинг. Парот ангажирал компанија за која се занимава со преселби. Ископале три метри под темелите за да стават челични носачи кои ја кренале куќата. Ја пренеле на новата локација, ја спуштиле и ја поврзале за водоводот и канализацијата.