Британката Венди Босфорт од Вулверхемптон добила, помалку оштетена, разгледница од внуката Џоан Босфорт која летувала на островот Нисирос, Грција, во 1987 година. Пензионираната писателка се шокирала кога ја видела разгледницата стара 22 години.
На разгледницата пишувало дека островот не е туристички атрактивен, дека морето е прекрасно а луѓето симпатични. Џоан сега има 42 години, мажена е и завршува докторат. Живее во Уганда каде работи за Британската влада. Портпаролот на поштата се извинал и вели дека ни самите не знаат каде заглавила разгледницата толку долго време.