Благодарение на новата социјална програма на владата, чија цел е заштита и грижа за старите и сиромашни лица, перуанката Филомена Тапи ќе ја добие својата прва пензија на 116 години. Родена на 20 декември 1897 година, Филомена целиот животен век го минала во Покут, зафрлено село на Андите. Старицата на службеникот кој и ја врачил првата пензија му рекла дека не е од минатиот век, туку од оној претходниот. Според локалните медиуми, во рамките на владиниот проект ќе има бесплатно здравствено осигурување како и месечна пензија во износ од 65 долари.
Таа раскажала дека имала тежок живот и дека млада останала без сопруг па морала сама да подига девет деца. За својата долговечност вели дека заслужна е само здравата исхрана. Рекла дека се што готви доаѓа од нејзината градина и никогаш не јадела конзерви ниту пиела газирани пијалоци. Лесно може да биде најстара жена на светот. Имено, доколку нејзиниот датум на рашање е точен, на свет дошла три месеци пред јапонката Мисао Окава, која моментално се смета за најстара жена на планетава. Филомена вели дека сега, кога има пензија, и недостигаат само заби. Навела дека многу би сакала да има заби и дека тоа е нејзина голема желба.