Двајца стари познаници, Џорџ Рејнс и Керол Харис, стари 83 години, се венчале полни 75 години откако прв пат се бакнале. Вљубениот пар застанал на лудиот камен минатиот викенд во Сент џон, во канадската покраина Њу Брансвик. Џорџ и Керол се запознале во далечната 1936 година во прво одделениот основно училиште. Во трето заедно глумеле во „Заспаната убавица“. Симпатичната бабичка во телевизиска емисија раскажала дека таа била заспаната убавица а тој нејзиниот принц.

Иако формално во таа претстава Џорџ не требало да ја бакне својата другарка, тој сепак тоа го сторил. Новопечениот сопруг рекол дека скокнала збунето кога ја бакнал, и технички гледано, таа била првата девојка која ја бакнал. Џорџ се преселил во Онтарио и основал семејство, но останал во контакт со Керол, која никогаш не се омажила. Кога му починала сопругата, со која бил во брак 61 година, Џорџ повторно се вратил во родниот град. Набрзо старите пријатели се сретнале и се заљубиле. Потоа следело и запросувањето. Керол рекла дека Џорџ се вратил во нејзиниот живот кога помислила дека засекогаш ќе остане сама.