Извршниот директор на фудбалскиот клуб Барселона, Феран Ревертер, го извести денеска претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта за својата намера да поднесе оставка на должноста од семејни причини.

Ревертер беше назначен за извршен директор во мај лани и беше вклучен во реструктурирањето на клупскиот долг и намалување на трошоците за плати на фудбалерите.

Мина речиси една година откако ја напуштив Германија и се вратив во Барселона од семејни причини. Набрзо по враќањето ја прифатив понудата од претседателот на клубот да бидам извршен директор. Во текот на овие месеци вложив многу труд, но сега сакам да се фокусирам на причината поради која се вратив во Барселона, односно да посветам повеќе време на личните и семејни проекти, соопшти Ревентер.

Барселона објави дека неговата оставка ќе стапи на сила на денот на именување нов извршен директор.

 

OhridNews