Маскирано лице кое држело во раката нож побарало од вработениот во маркетот да му го даде дневниот промет. При тоа, зел помала сума пари и си заминал. По пријавата на настанот, екипи од СВР- Охрид го пронашле и привеле лицето.
Од СВР- Охрид информираат дека се работи на утврдување на идентитетот на крадецот и дали постои евентуална вмешаност на лицето со неодамнешната извршена кражба во Топ маркетот на булеварот Туристичка.
Поопширни информации околу настанот ќе бидат соопштени во текот на денот.