Членовите на нуркачкиот клуб од Охрид во недела ќе ја украсат подводната елка. Тие сеуште не ја решиле дилемата каде ќе ја постават подводната елка, иако дел од нив сметаат дека тоа е најдобро да се направи кај изворите во Свети Наум, каде водата е најпроѕирна. Не е исклучено тоа да биде направено и во Заливот на коските во Градиште, а конечната одлука нуркачите ќе ја донесат деновиве.


По традиционалното китење на подводната елка и прославата на новогодишните празници охридските нуркачи ги чека сериозна задача. Имено, дел од професионалните нуркачи ќе бидат вклучени во акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро од минско експлозивни средства. За тоа тие минаа специјална обука во странство. Неексплодирани смртоносни направи од првата светска војна, но и од поран и подоцнежен период има на повеќе локации, а најмногу околу Пештани и на потегот од Јно до Горица.

Ohridnews