Една од најпознатите музички групи во Македонија, „Фолтин“, во сабота, 4-ти февруари, ќе настапи во „Lounge bar NOA“.
„Фолтин“ постои од 1997 година. Зад себе има седум самостојни албуми, музика за преку дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.
Музиката на „Фолтин“ обично се опишува како духовита, старасна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре.
Настапот на „Фолтин“ во „NOA“ започнува во 21 часот.
OhridNews