Големата хуманитарна спортско рекреативна акција “ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” во организација на Црвен крст Охрид завршува утре со извлекување на преку 50 вредни награди, за оние кои купиле вредносен бон. Извлекувањето на наградите ќе биде во емисија во живо на телевизија ТВМ со почеток во 17:30 ч.

 Црвен крст Охрид им се заблагодарува на сите кои на различни начини ја помогнаа, подржаа и учествуваа во акцијата “ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО”  со што дадоа придонес за  набавка на специјални амфибиски колички со помош на кои децата со телесен инвалидитет Ќе можат да се капат и рекреираат во водите на Охридското езеро.
    
Оваа акција, втора по ред, Црвен крст Охрид ќе ја организира и следната година, а целната група дополнително ќе биде одредена.

ohridnews