Семејството Шмит кое се занимава со истражување на потонати бродови пронајде златни артефакти вредни милион долари, и тоа од шпански брод кој потонал на брегот на Флорида пред 300 години. Семејството посветило една година на барање на изгубеното богатство. Богатството опфаќа 51 златник, 12 метри украсен златен ланец, наведува Брент Бризбен, основач на 1715 флота, група пронаоѓачи на потонати бродови. Флотата поседува права на потонатиот брод, додека членовите на семејството Шмит се кооперанти. Меѓу најистакнатите артефакти е златник од 1715 годна на кој е изгравиран ликот на шпанскиот крал Фелипе Петти, првиот во бурбонската династија. Постојат само неколку монети од овој тип, па неговата вредност е исклучително висока.
Шпанската флота со богатство се враќала од Куба во Шпанија во 1715 година, при што наишла на ураган. Изгубени биле 11 од 12 бродови во големото невреме. Погинале околу 1000 луѓе, додека 1500 успеале да испливаат до брегот. Некои од монетите кои ги донеле брановите сеуште можат да се пронајдат на брегот на Флорида. Бризбен вели дека Ерик, синот на брачниот пар Шмит, го пронашол и пријавил богатството во јуни во близина на брегот на Форт Пирс, град 210 килоетри северно од Мајами. Исто така гарантира дека документите на пловилата покажуваат дека носел стока во вредност од околу 400 милиони долари. Според американските сојузни и државни закони, државата Флорида поседува 20 проценти од обновеното богатство кое ќе се изложи во државните музеи, додека останатото ќе биде поделено помеѓу семејството Шмит и друштвото „Бризбен“.