Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), денеска, точно на пладне беше извршена ждрепка, по што се одредија паровите за првата рунда од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Дерби на стартот нема но има неколку пресметки кои ќе привлечат големо внимание. Во првата рунда, Академија Пандев ќе ја пречека Струга Трим Лум, додека Брегалница кам бек во елитата ќе има на домашен терен против Шкупи. Бранителот на трофејот Шкендија гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Новата сезона стартува викендот на 7/8 август.

За прв пат во македонскиот клупски фудбал дел од елитата нема да бидат Вардар и Силекс, кои минатата сезона отпаднаа и сезонава ќе играат во Втората МФЛ-запад.

  • Двојки 1. рунда:

Академија Пандев – Струга Трим Лум

Работнички – Борец

Тиквеш – Шкендија

Ренова – Скопје

Брегалница – Шкупи

Македонија ЃП – Пелистер

Комплетниот распоред на мечевите во Првата МФЛ

OhridNews