Извлечени се групите за второто издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“.


26-ет екипи се поделени во шест групи. Четири од групите се составени со четири екипи, а преостанатите две со пет екипи.

Во елиминациската фаза обезбедуваат пласман најдобрите прво и второпласираните екипи по групи и трето пласираните од групите каде има по пет екипи.

Пласман во нокаут мечевите обезбедуваат и најдобрите две третопласирани екипи од групите со четири екипи.

Натпреварите на меморијалниот турнир започнуваат в понеделник, а дополнително ќе биде објавен распоредот.

Групите:

Група А: АСП Пак, Вис Пој, Нафи, Кармен Бау Центар

Група Б: Мистер И, Сатеска, Тамаро Маркети, Скопско, Мезе Бар 10

Група Ц: Жито Леб, Кафе бар Шила, Илинче Мешеишта, Демир Хисар

Група Д: Црна Река, Брник Битола, Златари Булески, Океанија, Бос Бургер

Група Е: Ла Тараса, Еко Шпар, Арсенал Охрид, АСМ Рача

Група Ф: Бел Мерцедес, Голден Бич, Златни Зраци, Вила Хармони

OhridNews