Екипите на Барселона – Пари Сент Жермен односно Кил – Веспрем ќе ги одмерат силите во полуфиналето од завршниот турнир кој ќе се одржи на крајот од оваа година во „Лансксес“ арената во германскиот град, Келн.

„Фајнлфор“ турнирот беше одложен поради пандемијата на коронавирусот, а воопшто не се одигра нокауфот фазата. ЕХФ на зелена маса одлучи елиминациската фаза до 1/2 финалето да не се игра, туку најдобрите две екипи во А и Б групите да обезбедат директен пласман на завршниот турнир. Со овој потег ЕХФ му ја одзеде шансата на Вардар да ја брани титулата освоена минатата година во Келн.

Годинешниот турнир ќе се одржи на 28 и 29 декември. Според најновите информации од Германија, Владата ќе ги олабави мерките и ќе дозволи одреден број на публика, без која драстично ќе се изгуби магијата на ракометниот спектакл од светските размери.

OhridNews