УЕФА денеска со ждребка ги извлече паровите од нокаит фазата во фудбалската Лига на нации.

Бранителот на титулата Шпанија во 1/4 финалето ќе се сретне со Холандија, а во фудбалската класика ќе се сретнат гигантите Италија и Германија.

Лига на нации 1/4 финале 

Холандија – Шпанија
Хрватска – Франција
Данска – Португалија
Италија – Германија

Четврт-финалниот двомеч  ќе се игра на 20 и 23 март 2025 година. Репрезентациите кои беа први во фазата по групи беа носители и реваншите ќе ги играат на домашен терен.

Плеј-оф за Лига „А“

Турција – Унгарија
Украина – Белгија
Австрија – Србија
Грција – Шкотска

Плеј-оф за Лига „Б“

Косово – Исланд
Бугарија – Ирска
Ерменија – Грузија
Словачка – Словенија

Плеј-оф за Лига „Ц“

Гибралтар – Летонија
Малта – Луксембург

Натпреварите од плеј-офот, исто така, ќе се одиграат во март 2025 година.

Г.М.