Со ждрепка извлечени паровите за првото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски- Усташ“. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 23 август, а натпреварот за 3-то место и финалето ќе се одиграат на 24 август.
Учество ќе земат екипите на ГРК „Охрид“, РК „Тинекс Пролет“, ГРК „Тиквеш 2014“ и РК „Партизан“ од Белград, Србија.
Во првото полуфинале вкрстуваат реден број 1 со реден број 4, а второто полуфинале реден број 2 со реден број 3! Тоа значи дека на 23 август ќе се одиграат натпревари од 17:30 часот помеѓу екипите на РК ПАРТИЗАН – РК ПРОЛЕТ 62, додека од 20:00 часот ќе играат екипите на ГРК ОХРИД – ГРК ТИКВЕШ 2014, информираат од ГРК Охрид.
Поразените играат за 3-то место, победниците финале на 24 август во следните термини 15:30 часот за 3-то место поразени 1/4 – 2/3, а во 18:00 часот финале победници 1/4 – 2/3.
Меморијалниот турнир кој ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“ е во организација на Градскиот ракометен клуб Охрид, а под покровителство на Општина Охрид и се очекува истиот да премине во традиција.
OhridNews