Во просториите од Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за осминафиналето во Купот на Македонија.

Ждрепката донесе неколку интересни и возбудлив пресметки. За издвојување се прволигашките пресметки помеѓу Академија Пандев – Вардар, Струга Трим Лум – Работнички и Ренова Пелистер. Помеѓу интересните пресметки се вбројуваат средбите помеѓу лидерот Шкендија и второлигашот Гостивар и источното дерби Брегалница – Беласица.

Во осминафиналето се игра еден натпревар. Ако во регуларните 90-ет минути нема победник се изведуваат пенали. Мечевите од 1/8 финалето се играат на 21 октомври.

Двојки 1/8 финале:

Академија Пандев – Вардар

Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса

Шкендија – Гостивар

Шкупи – Кит Го

Кожуф – Силекс

Струга Трим Љум – Работнички

Брегалница – Беласица

Ренова – Пелистер

OhridNews