Извлечени се групите за јубилејното 45-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“, кој се одржува во Мешеишта. Вкупно 26 екипи ќе се натпреваруваат на еден од турнирите со најдолга традиција во нашата земја.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 120 00 денари. Победникот на турнирот ќе добие 70 000 денари, вицешампионот 30 000 денари, третопласираниот 15 000 денари и четвртопласираниот 5 000 денари.
Возбудувањата на турнирот започнуваат в недела, а распоредот на мечевите дополнително ќе биде одреден од организаторите.
Групите:
Група А
1. Бриони
2.Асп Пак
3.Такси Мече
4. Златара Ерол
Група Б
1. Сатеска
2.Фасадер Петкоски
3. Велкоски
4. Ресторан Европа
Група В
1. Еуро Стил
2. Др. Баткоски
3. Жив Бор
Група Г
1. Шила
2. Гостилница Боем
3. Вевчани
Група Д
1. Милкиз
2. Ноче
3. Аква Блу
Група Ѓ
1. Типлери
2. Млади Мајстори
3. Моби Петрол
Група Е
1. Мате Маркет
2. Фаланга Волино
3. Искра
Група Ж
1. Мешеишта
2. Хотел Престол
3. Хотел Интернационал
OhridNews