Извлечени се групите за меѓународниот ракометен турнир кој по 44-ти пат ќе се одржи на теренот „Женска плажа“ во Струга.
Шест екипи поделени во две групи од 17 до 20 август ќе се борат за трофејот во Струга. Првите две пласирани екипи во групите ќе се сретнат во финалето додека второпласираните ќе се борат за третата позиција.
Годинава, македонски преставник на ракометниот турнир во Струга е Металург кој ќе е прв фаворит за трофејот.
Група А: Алингсас (Шведска), Шартр (Франција) и Африкан клуб (Тунис).
Група Б: Металург (Македонија), Стеауа (Романија) и Ал Шабаб (ОАЕ).
OhridNews