32 екипи поделени во осум групи ќе се надигруваат на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2016“ кој се одржува шеста година по ред. 


Организаторите обезбедија вкупен финансиски фонд од 145 000 денари или 80 000 денари за победникот, 40 000 за вицешампионот, 20 000 за третопласираната екипа и 5 000 денари за четвтиот состав.

Турнирот започнува во вторник со мечевите од групната фаза, а датумот на финалето ќе биде дополнително објавен.

Групи:

Група А: Сатеска, Лескоец, Бриони, Експрес Димакс

Група Б: Мистер И, ПН Метал, Дакота Кнауф, Пекара Лихнид

Група В: АСП Пак, Доктор Баткоски, СТ ДООЕЛ, Гобекс

Група Г: Грини, Кармен Бау Центар, Старата Дама, Буши

Група Д: Мешеишта, Гир Риг Диба, Голден Бич, Златара Горан

Група Ѓ: Викса Пром, ДООЕЛ Јован 2014, Башукоски, Ајдиноски Инжерениг

Група Е: Бел Мерцедес, Иво Маже, Куд Фолклористи 2015, АСМ Рача

Група Д: Кадмо, Александрија, Отпад Охрид, Кафе бар Госип.

Распоред:

20ч АСП Пак – Гобекс

21ч ПН Метал – Дакота Кнауф

22ч Мистер И – Пекара Лихнид

OhridNews