Познати се групите за 42-то издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга. Ждребката беше полудиригирана и македонските екипи Вардар и Металург се најдоа во различни групи.
Актуелниот првак на турнирот Металург е во групата А заедно со Кретеј и Азот Пулави додека Вардар со Металопластика и Санк Петерзбург се наоѓа во групата Б.
Натпреварите започнуваат в среда на 13 август додека финалето е закажано за в сабота на 16 август.
Распоред :
Среда (13 август) : Металург јуниор – Струга (18:00), Металург – Кретеј (20:45), Металопластика – С. Петербург (22:30)
Четврток (14 август): Азоти Пулави – Кретеј (19:00), Вардар – С. Петербург (20:45)
Петок (15 август): Вардар – Металопластика (19:00), Металург – Азоти Пулави (20:45)
Сабота (16 август): меч за 5. место (17:30), меч за 3. место (19:15), финале (21:30).
Мх.П.