Доцна синоќа, извлечени беа групите за 47-то издание на Копа Америка кое ќе се одржи следната година во Аргентина и Колумбија.

12-те репрезентации учеснички поделени се во две групи. Најдобрите четири на табелата во двете групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Копа Америка ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули, а титулата ја брани Бразил.

Групите:

Група А: Аргентина, Чиле, Австралија, Боливија, Уругвај и Парагвај

Група Б: Бразил, Катар, Перу, Колумбија, Венецуела и Еквадор

OhridNews