Извлечени се групите за новото издание на Лигата на Шампиони кое го организира европската куќа на фудбалот (УЕФА). Ждрепката која се одржа во Монако немаше милост и формираше неколку групи кои можат да се окарактеризираат како групи на смртта.
Најмалку среќа имаше Црвена Ѕвезда која за противници ги доби францускиот шампион Пари Сент Жермен, европскиот вицешампион Ливерпул и италијанскиот клуб Наполи.
Ждрепката на мегдан ги однесе Јувентус и Манчестер Јунајтед, а сигурно во фокусот ќе биде Кристијано Роналдо кој првата титула во ЛШ ја освои токму со „црвените ѓаволи“. Во Х групата покрај овие две екипи се наоѓаат Валенсија и Јанг Бојс. Една од поинтересните групи ја сочинуваат Барселона, Тотенхем, Интер и холандски ПСВ Ајндховен.
Од оваа сезона мечевите во ЛШ ќе се играат во нов термин, а не како години наназад во 20 часот и 45 минути. Дел ќе бидат закажани во 19 часот, а дел во 21 часот.
Групите:
Група А: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Монако, Клуб Бриж
Група Б: Барселона, Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Интер
Група Ц: ПСЖ, Ливерпул, Наполи, Црвена Ѕвезда
Група Д: Локомотив Москва, Порто, Шалке, Галатасарај
Група Е: Баерн Минхен, Бенфика, Ајакс, АЕК
Група Ф: Манчестер Сити, Лион, Шахјтор Доњецк, Хофенхајм
Група Г: Реал Мадрид, Рома, ЦСКА Москва, Викторија Плзен
Група Х: Јувентус, Манчестер Јунајтед, Валенсија, Јанг Бојс
OhridNews