Извлечени се двојките за првата рунда од Kупот кој ќе означи почеток на пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига.


Десетте екипи кои членуваат во ОФЛ ќе играат меѓу себе во првата, втората и третата рунда, а потоа ќе му се приклучат Охрид и Сатеска кои се натпреваруваат во Третата лига по ранг во Македонија.

Победникот од Општинскиот куп сезонава обезбедува директен пласман во Купот на Македонија следната сезона.

Двојки:

Вулкан – Рудар

Лакочереј – Вапила

Воска – Славеј

Дебрца – Лешани

Злести – Св. Петар

Мечевите од првата рунда во Купот се играат в недела со почеток во 14 часот.

OhridNews