Четирикратниот првак Баерн Минхен во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони ќе се сретне против италијанскиот првак Јувентус.


Најтрофејниот клуб со девет титули во натпреварувањето Реал Мадрид за противник го доби Галатасарај, а Ибрахимовиќ и неговата екипа ПСЖ ќе играат против “тик так“ машинеријата. Германскиот првак Борусија Дортмунд пласман во 1/2 финалето ќе брка против шпанската Малага.

Двојки :

Малага – Борусија Дортмунд
Реал Мадрид – Галатасарај
ПСЖ – Барселона
Баерн Минхен – Јувентус

Првите натпревари од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони се играат на 2/3 април додека реваншите една седмица подоцна.

Полуфиналните двојки во Лигата на Шампионите ќе бидат дополнително извелечени на 12 април.

Мх.П.