Во просториите на Општинскиот фудбалски сојуз од Охрид, денеска, во присуство на преставниците од екипите учесници во Третата македонска фудбалска лига беа извлечени паровите за почетокот на сезоната.
Новата сезона во третолигашкото друштво Сатеска ќе ја започне на домашен терен против составот на Црно Буки, додека Охрид и Лакочереј гостуваат во Велешта односно Грнчари.
Почетокот е закажан на 26 август, а последното коло се игра 18 ноември.
Двојки 1.коло:
Сатеска – Црно Буки
Октиси – Караорман
Краваци – Новаци
Лирија Заграчани – Преспа
Велешта – Охрид
Лирија Грнчари – Лакочереј
Влазними – Фљамуртари
OhridNews