Во просториите на Европската фудбалска федерација (УЕФА), денеска, извлечени беа осминафиналните двојки за најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.
Супер дерби нема, но има неколку интересни пресметки кои ќе привлечат големо внимание. За издвојување се дуелите Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен и Севиља – Рома.
Ривал на Интер во 1/8 финалето ќе биде Гетафе кој го елиминираше Ајакс, додека Манчестер Јунајтед ќе се сретне со австрискиот Ласк.
Првите натпревари се играат на 12 март, а реваншите недела дена подоцна на 19 март.
Финалето се игра во Гдањск.
Двојки:
Истанбул Башакшехир – Копенхаген
Олимпијакос – Вулверхемптон
Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен
Волфзбург – Шахјтор Доњецк
Интер – Гетафе
Севиља – Рома
Салзбург/Ајнтрахт Франкфурт – Базел
ЛАСК – Манчестер Јунајтед
OhridNews