Ждрепката за 1/16 финалето во Лигата на Европа донесе интересни и возбудливи пресметки, кои можат да бидат рамо до рамо со дуелите од Лигата на Шампиони.
Хитот на сезоната во Шпанија, Реал Сосиедат ќе ги одмери силите со англискиот великан Манчестер Јунајтед, додека Арсенал ќе се сретне со Бенфика. Српскиот првак Црвена Ѕвезда за противник го доби лидерот во Серија А, Милан, а, Динамо Загреб ќе се судри со Краснодар.
Првите мечеви се играат на 18 февруари, а реваншите недела дена подоцна. Финалето се игра во Гдањск.
- Двојки 1/16 финале:
Волфсберг – Тотенхем
Динамо Киев – Клуб Бриж
Реал Сосиедад – Манчестер Јунајтед
Бенфика – Арсенал
Црвена Ѕвезда – Милан
Антверп – Глазгов Ренџерс
Славија Прага – Лестер
Салсбург – Виљареал
Брага – Рома
Краснодар – Динамо Загреб
Јанг Бојс – Баер Леверкузен
Молде – Хофенхајм
Гранада – Наполи
Макаби Тел Авив – Шатјор Доњецк
Лил – Ајакс
Олимпијакос – ПСВ
OhridNews