На 18.03.2025 во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Св. Наум, претставник од Национален парк Галичица и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата Свети Ѓорѓија биле пронајдени J.C.(35) и O.В.(32), двајцата од Чешка Република. Со нивниот кампер „мерцедес“ со чешки национални ознаки, тие биле извлечени од снежниот нанос, информираат од МВР.

OhridNews

фото. Архива