Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) извлечени беа паровите за четвртфиналето во Купот на Македонија.
Актуелниот шампион и бранителот на трофејот Шкендија ќе се сретне со Победа, Македонија Ѓорче Петров ќе ги одмери силите со Работнички, Беласица ќе се судри со Силекс, додека второлигашот Кораб на мегдан ќе биде со Академија Пандев.
Првите дуели се играат на 7 ноември, а возвратните дуели се на 5 декември.
Двојки:
Шкендија – Победа
Силекс – Беласица
Академија Пандев – Кораб
Македонија ЃП – Работнички
OhridNews