Двајца среќници ќе го поделат џекпотот на американската лотарија „Мегамилионс“ во износ од 636 милиони долари, што е втора по големина награда во историјата на лотаријата на САД. Едниот добитен тикет бил продаден во Сан Хозе во сојузната држава Калифорнија, изјавил портпаролот на Калифорниската лотарија Алекс Траверсо, додека вториот добитник бил од Џорџија, но директорката на Мега Милионс Пола Ото изјавила дека не знае во кој град тикетот бил продаден. Добитниците на џекпотот од 636 милиони долари ќе добијат по 318 милиони доколу се согласат на исплата во повеќегодишни рати, а ако се одлучат наградата да им биде исплатен веднаш, ќе добијат по 170 милиони долари.

Ото навела дека за извлекувањето оваа седмица биле продадени тикети во вкупна вредност од 336 милиони долари, додека во компанијата предвидувале бројка од 319 милиони. Поради така големата продажба, џекпотот би можел да изнесува и повеќе од најавените 636 милиони, односно би можел да порасне да околу 645, изјавила ото, додавајќи дека конечниот износ ќе биде познат попладне. Џекпотот почнал да расте на 4 октомври, бидејќи оттогаш па во следните 22 седмици немало добитник на истиот. Во тој период во САД биле продадени тикети во вредност од една милијарда долари.