Тие добиле објаснување дека факултетот не е во можност да ги реализира дисперзираните студии во Струга поради недоволниот број студенти и неподмирените обврски на државата кон оваа високо образовна институција за дисперзираните студии. Како причина се наведува и малиот број запишнаи студенти. Наместо очекуваните 100 во двете насоки годинава на дисперзираните студии на Економскиот факултет се запишале само 28 студенти.
– Јас моето дете го отпишав од Факултетот за туризам во Охрид за да го запишам на економскиот во Струга и сега не информираат дека студиите нема да се реализираат таму туку во Скопје, вели родител на студент, кој посочува дека никој не им најавил дека може да дојде до ваква измена.
Доколку студентите не ја посетуваат наставата во Скопје ќе ја изгубат годината реагираат родителите кои денеска јавно го изразија својот револт и побараа Економскиот факултет од Скопје и да ги отвори најавените дисперзирани студии во Струга. Родителите најавија дека нема да отстапат од своето барање и дека ќе протестираат ако треба и пред Владата.
Од Економскиот факултет во Скопје информираат дека оваа академска година нема услови за дисперзирани студии во Струга. Како причина од факултетот покрај малиот број заинтересирани го наведуваат и недостатокот на технички услови во одморалиштето 25 Мај каде треба да се одвива наставата. Од факултетот информираат дека студентите запишани во Струга ќе студираат во Скопје само оваа година за да се подобрат условите во одморалиштетот 25 Мај, каде од следнатаа година редовно ќе се одвива наставата на дисперзираните студии.