Во перодот од 23-27.07.2018 година овојпат во Велестово, во пазувите на Националниот Парк Галичица, во културниот дом, под покровителство на локалната самоуправа и Градоначалникот на Охрид Jован Стојаноски, Извидничкиот езерски одред „Пионер“ реализираше  меѓународна размена на извидници.

Оваа година покрај извидниците од Белгија, кои беа носители на размената, учествуваа и извидници од Србија како и од извидничките одреди од Штип и Кочани.

Извидниците извршија размена на искуства од областа на неформалното образование на деца и младинци пезентирајќи методи на работа секој од својата држава, односно од местото на живеење преку различни работилници. Гостите имаа можност да се запознаат со убавините на пационалниот парк каде што и беше организирана еко акција за чистење и уредување на околниот простор. При размената беа посетени и значајни културни и историски локации во Охрид.

Ова е четврта по ред меѓународна размена на извидници која што ја реализира Извидничкиот езерски одред „Пионер“ на подрачјето на Охрид, со што придонесува за промоција на градот пред меѓународната извидничка заедница која брои милиони членови.

OhridNews