Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид на 14-ти и 15-ти февруари 2015 година ќе организира Хуманитарна акција за собирање на помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија.

Донациите ќе се примаат од 10 до 17 часот во одредската просторија која се наоѓа во бараките на Трудбеник кај Езерската полиција. Извидниците ги повикуваат граѓаните на Охрид да бидат хумани и да донираат храна, вода и хигиенски производи.

OhridNews