Поради изведување на планирани градежни активности, општина Охрид упатува известување до сите сопственици на моторни возила и учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на булеварот „Туристичка“, на десната коловозна лента, на потегот од пешачкиот премин кај ОУ „Григор Прличев“, покрај целата должина на објектот на училиштето.
Забраната за паркирање на овој потег ќе важи од утре 10.04.2020 година (петок) до завршување на градежните активности.
OhridNews