Министерството за култура треба да изработи нова национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и да обезбеди соодветен буџет. Годишниот буџет за културата се намалува постојано во последните три години, а одложени се и реформите по препораките од функционалната анализа на Министерството за култура, наведува Европската комисија во извештајот за напредокот на државава.

Со заклучок дека Северна Македонија е умерено подготвена во областа на културата, ЕК препорачува Министерството за култура и другите релевантни институции да ги зајакнат своите капацитети за креирање и управување со културни политики засновани на здрави принципи на јавната администрација.

Се укажува дека културното наследство на земјата не е доволно заштитено и дека се потребни дополнителни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за негова заштита и спречување дивоградби.

Рибниот фонд во Охридското Езеро во голем дел е на удар на рибокрадци, кои на секаков начн се обидуваат да заработат благодарение на високата цена на ендемичниот вид охридска пастрмка.

Се посочува заштитата на локалитети од културното наследство кои се од особена важност, како Охридското Езеро и Старата скопска чаршија.

Нотирано е дека продолжува учеството на државава во програмата „Креативна Европа“ и задоволителен останува бројот на нејзини корисници и дека се направени измени на националното законодавство со цел усогласување со Директивата за аудиовизуелни медиуми од 2018 година, што е предуслов за континуирано учество на земјата во оваа програма.

Во периодот на кој се однесува извештајот е подготвена националната стратегија за млади за 2023-2027 година, која допрва треба да се усвои.

Извештајот нотира и дека во септември 2023 година беше препорачано Скопје во 2028 година да биде европска престолнина на културата.

OhridNews